Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција на големо увезува коњско месо, главно од Бугарија

Грција на големо увезува коњско месо, главно од Бугарија
Во текот на  2011 и  2012 година Грција направила увоз на 111 тони коњско месо, покажуваат податоците на Националната статистичка служба кои денеска беа претставени во Парламентот. Според овие податоци во 2012 година земјата увезла 34,3 тони месо од коњи од Бугарија, Романија и Шпанија. Во исто време првите резултати од ДНК анализите, направени во 11 земји членки на Европската унија, покажуваат дека во Грција и во Франција има најмногу случаи на производи со говедско месо во кои се откриваат примеси на коњско. Поради скандалот со коњското месо, европските граѓани ја изгубија довербата во определени сектори на прехранбената индустрија. Тоа предизвика пад на продажбата на преработени, а ја зголеми побарувачката по биопроизводи.
Слично

Поврзани вести