Грција му врати 560 милиони евра на ММФ
Денес Грција врати дел од износот што го должи на еден од доверителите - Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Станува збор за 560 милиони евра, соопштува „АФП“.
Атина треба да врати уште 336 милиони евра на фондот во петок. Петочната транша ќе биде последна, четврт кавртал на средствата кои земјата мора да и ги врати на ММФ во март. Четирите транши се во вкупна вредност од 1,5 милијарди евра.
Претходно денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека нема опасност земјата да остане без пари и нема проблем со нејзината ликвидност.
Слично
