Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција можеше да ја промени Европа, но ќе ја оплеска работата!

Грција можеше да ја промени Европа, но ќе ја оплеска работата!
Грција имаше шанса да ја натера еврозоната да проработи подобро, но оплеска сè, пишува Economist. Јанис Варуфакис, смелиот министер за финансии на Грција, повика еврозоната да нацрта еден нов пат, бидејќи бесконечното наметнување на нови кредити на задолжените земји како Грција со образложение дека еден ден тие ќе бидат отплатени, претставува стратегија за економска криза и дефлација. Болеста од која страда Грција, е дека проблемот со нејзината неплатежоспосбност во последните пет години се решава како ликвиден проблем, истакнува Economist, повикувајќи се на изјави на Варуфакис за BBC. Малкумина веруваат дека долговите на Грција во износ од над 175 отсто од БДП на земјата ќе можат некогаш да бидат отплатени до крај. Велејќи го тоа сепак, Варуфакис покажа едно тажно неразбирање на правилата на еврозоната. Ако Европската централна банка ја споделеше оваа негова позиција, би требало да ги отсече грчките банки што веројатно ќе ја остави Грција надвор од еврозоната. Economist тврди дека кога Варуфакис ја посетил ЕЦБ во Франкфурт, нејзиниот претседател Марио Драги му рекол да го задржи своето мислење за себе. Од тогаш тој не го повторил. Гафот на Варуфакис е само една фуснота во листата жално карактеризирање на грчко искуство во еврозоната, посочува списанието. Некои тоа го нарекоа недостаток на искуство, други претпоставуваа дека Алексис Ципрас ќе направи едно "салтомортале", откако ја преземе власта. СИРИЗА сепак нема никаква основа да сака уште пари од Германија, кога се повикува на нацистичката окупација на Грција. Со малку повеќе политичко мајсторство Ципрас би можел да ја втурне Европа кон еден попријатен пат, бидејќи еврозоната очајно има потреба од еден алтернативен пристап кој ќе ја искорени од Германија неуспешната политика на штедење, пишува уште британското издание. K.K.
Слично

Поврзани вести