Грција може да остане без пари до крајот на месецов
Ако Грција не постигне договор со „тројката“ кредитори до 25 февруари годинава земјата ќе остане без пари, јавува “Блумберг”, повикувајќи се на извори кои ја познаваат финансиската состојба во Црција, но побарале да останат анонимни зашто објавените финансиски податоци се доверливи.
Според изворот на „Блумберг“, ова може да се избегне само ако веднаш се зголемат краткорочните кредити кои Грција ги добива од „тројката“ во износ од 15 милијарди евра. Во сегапната состојба Грција ќе има финансии уште околу две недели, по што ќе ги прифати условите на доверителите, или ќе мора да ја напушти еврозоната. Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис денеска се среќава со германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Слично
