Економија, финансии, бизнис

Контакт

Диселблум: Грција може да го затвори банкарскиот сектор

Диселблум: Грција може да го затвори банкарскиот сектор

Грција може да биде принудена да прибегне кон методи кои се користеа за време на кризата во Кипар, за да биде спречен буквално извоз на парични текови. Ова го изјавил претседателот на Еврогрупата (пред министрите за финансии на земјите-членки од еврозоната) Јерун Диселблум.

Според зборовите на Диселблум притисокот врз Грција расте и тој има информации дека секој ден монетарната маса во Грција се намалува. Според зборовите на Холанѓанецот тоа сепак не значело дека ќе треба јужните соседи да излезат од монетарната унија на ЕУ. За пример Диселблум го дадал Кипар, каде што „банките беа затворени, а паричните текови, кои излегуваат и влегуваат во земјата беа запрени“.

Во март 2013 година Кипар беше принуден да воведе контрола на капиталот за да се запре одливот на пари од банките и да може да биде активирана програмата за спасување во вредност од 10 милијарди евра. Дел од овие пари беа повлечени, буквално беа земени од банките - од депозитите во вредност од над 100 илјади евра. Некое време имаше и лимит при влечењето на готовина од банкомати - до 300 евра на ден.

Само во јануари од грчките банки истекоа 12 милијарди евра, а се очекува податоците за февруари да се слични. Во моментов банките во Грција зависат многу од најавените кредитни линии од ЕЦБ. Банката веќе обезбеди околу 80 милијарди евра за помош на грчкиот банкарски сектор.

Во меѓувреме стана јасно дека Грција ќе има потреба од 6,55 милијарди евра за сервисирање на државниот долг од март до јуни оваа година.

Потребите на државата во март изнесуваат 2,2 милијарди евра, во април - 820 милиони евра, а во мај тие ќе изнесуваат 1,03 милијарди евра. Во овие износи не влегуваат каматите за хартиите од вредност.

Слично

Поврзани вести