Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИЈА: Македонија воведе нови ограничувања

ГРЦИЈА: Македонија воведе нови ограничувања

Претставници на грчката полиција објавија дека македонските власти вовеле додатни ограничувања за бегалците кои сакаат да ја преминат грчко-македонската граница, па сега ги пуштаат само оние од градовите кои се зафатени со војни.

Грчката полиција наведува дека после нови ограничувања, воведени денеска, луѓето од сирискиот град Алепо, на пример, може да влезат во Македонија од Грција, но тие од Дамаск или Багдад не можат , пренесува АП.

Официјални лица од полицијата сакале да останат анонимни бидејќи не се овластени да даваат изјава за медиумите.

Тоа е најнов потег на Македонија со цел намалување на приливот на бегалци во земјава, пренесуваат светските агенции.

Официјално Скопје сега дневно пуштамногу мал број на бегалци, после што на подрачјето на бегалскиот камп на грчка страна, во Идомени, се „натрупале“ 13 000 до 14 000 бегалци.

Слично

Поврзани вести