Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција ќе отвори нови бегалски центри на Крит

Грција ќе отвори нови бегалски центри на Крит

Грција ќе отвори четири нови бегалски центарот на островот Крит, соопшти министерот задолжен за бегалската политика на земјата, Јанис Музалас.

Тоа е дел од плановите на Владата за одговор на повторно зголемениот бегалски бран.

Мигрантите ќе бидат сместени во куќи, а не во шатори, а грчките власти ќе се обидат да ги поделат бегалци од различни етнички групи.

Во новите центри ќе има место за 2.000 луѓе. Ќе биде обезбедена храна, медицинска нега и обука за децата на бегалците.

Грчката влада развива и други мерки за бегалците. Дел од мигрантите кои нема да можат да бидат вратени во Турција, ќе бидат сместени во кампови во внатрешноста на Грција. На овој начин ќе се олесни работата на приемните центри на островите.

Слично

Поврзани вести