Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција ќе „лапне“ две милијарди евра од развојните фондови на ЕУ

Грција ќе „лапне“ две милијарди евра од развојните фондови на ЕУ

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска на Грција и понуди две милијади евра неискористени средства од европските фондови за развој.

„Ова нема да биде искористено за пополнување на грчката каса, туку за пружање на помош на напорите на Атина да создаде економски раст и социјална кохезија“, изјавил Јункер на конференцијата за новинари, одржана на крајот на дводневниот самит на лидерите на Европската унија во Брисел.

Неговата понуда доаѓа само ден после разговорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас со европските лидери во Брисел, после што Грција се согласи на кредиторите да им достави нов список со реформи во рок од неколку дена за да добие пари од меѓународниот пакет на помош, пренесува Франс прес.

Доверителите на Грција во февруари се согласија да го продолжат траењето на меѓународниот пакет на помош за Атина, во вредност од 240 милијарди евра, за додатни четири месеци, во замена за ветување на Атина да спроведе додатни реформи.

Официјална Атина сака последната транша на тој пакет од седум милијарди евра да биде исплатена сега за да би се избегнал банкрот и излегување од еврозоната, но Брисел бара повече докази дека реформите ќе бидат спроведени.

Слично

Поврзани вести