Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција ќе користи туристи како даночни инспектори

Грција ќе користи туристи како даночни инспектори

Грција ќе ангажира голем број лица, меѓу кои туристите и студентите да работат како тајни даночни инспектори во рамките на обидите на Атина за справување со даночната евазија тоа го изјави денеска грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

Во писмото до претседателот на Еврогрупата Јерун Дајселблум тој истакнува дека за справувањето со даночната евазија ќе бидат ангажирани „голем број непрофесионални инспектори“, опремени со уреди за видео и аудио снимки.

Според него информацијата од нив, ќе има правна тежина и ќе биде користена во работата на професионалните даночни инспектори.

„Самото сознание дека насекаде има илјадници случајни минувачи, опремени со уреди за снимање на аудио и видео за потребите на даночните власти, ќе го стимулира чувството за правда во општеството и ќе придонесе за создавање на нова даночна култура“, пишува уште Варуфакис.

Слично

Поврзани вести