Грција ќе добие 30 милиони евра поради бегалците
Грција очекува на 15-ти септември да добие 30 милиони евра од ЕУ, кои ќе бидат употребени за справување со бегалската криза во земјата.
Ова го соопшти заменик-министерот за миграциските прашања Јанис Музалас за време на состанокот на синдикатот на општините.
„Без локалната власт кризата не може да се реши. Целта е бројот на бегалците на островите да стане одржлив, поради што ќе бидат ангажирани повеќе бродови, за да можат побрзо да се пренесат на копно“, изјавил Музалас.
Тој дополнил дека е потребно да се создадат привремени прифатни центри и да се забрза обработката на документите.
Министерот, исто така, изјавил дека се очекува наплив на бегалци од Турција да се зголеми уште повеќе во наредните месеци.
Слично
