Грција ќе биде немилосрдна кон богатите
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис не ја исклучи можноста да биде усвоен ,,вонреден данок” за оние кои можат да платат, за да се осигура буџетската рамнотежа.
Министерот Варуфакис рече дека ќе бидат немилосрдни кон оние кои имаат пари, а никогаш не платиле.
„Се обврзавме на буџетска рамнотежа. Доколку бидам присилен да воведам вонреден данок, ќе го сторам тоа и тоа ќе биде за оние коишто можат да платат, нема да бараме пари од оние кои одвај преживуваат“ - изјави грчкиот министер за финансии во интервјуто за телевизијата Skai.
Министерот изрази желба европските партнери „да помогнат на Грција, преземајќи дејствија во сопствените компании, а не само да ни даваат лекции“.
Инаку, премиерот Ципрас веќе ја најави првата серија мерки во борба против затајувањето на данок и зголемувањето на државните приходи.
Слично
