Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција ќе има потреба од дополнителна помош

Грција ќе има потреба од дополнителна помош
Грција најверојатно ќе има потреба од дополнителна помош, но земјата е на  " добар пат" и враќањето на довербата ќе ја олесни продолжувањето на меѓународната поддршка, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. -Ако земјата успее да постигне примарен буџетски суфицит до крајот на имплементација на спасувачкиот план на ЕУ и ММФ во 2014 година, тоа ќе биде доказ дека планот е ефикасен и довербата ќе вртиа", рекол Шојбле. -Грција се наоѓа на вистинскиот пат за враќање на довербата. А откако довербата ќе се опорави, за земјата ќе биде полесно да продолжи да добива помош од која можеби ќе има потреба и во иднина", истакнал германскиот министер, кој не сакал да прогнозира што ќе се случува во период по 2014 година. Ако Грција продолжи со своите напори, може да размислува за уште понуди за стабилизирање на земјата, додал Шојбле.
Слично

Поврзани вести