Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција ја затвори границата со Македонија! Мигрантите запрени на 5 километри од преминот!

Грција ја затвори границата со Македонија! Мигрантите запрени на 5 километри од преминот!

Полицијата во северна Грција го затвори граничниот премин со Македонија и не дозволуваат мигрантите да им пријдат поблиско од пет километри, пренесуваат агенциите.

Властите рано изутринава го затвориле преминот и ги задржале новинарите и фоторепортерите далеку од границата.

Повеќе од 200 полициски специјалци се распределени по граничното подрачје во Идомени поради судирот помеѓу мигрантите и полицијата кои биле запрени на железничкиот сообраќај од Грција во другите европски земји.

Ројтерс јавува дека полицијата започнала да ги тргнува мигрантите од грчко-македонската граница, кои според зборовите на еден грчки полицаец ќе бидат пренесени во Атина со автобуси.

grcija 1

Околу 1200 луѓе воглавно од Пакистан, Мароко и Иран биле блокирани на границата од кога властите во Македонија почнаа да ги „филтрираат“ мигрантите по националност.

Мигрантите во Атина ќе бидат сместени во центрите за мигранти а потоа ќе бидат вратени во земјите од каде потекнуваат.

Слично

Поврзани вести