Грција ја намалува невработеноста, но колку се платите?
Невработеноста во Грција се намалува, но ситуацијата не е иделна.
Податоците од Центарот за поддршка на вработувањето и претприемништво покажуваат дека сепак еден од двајца назначени од вкупно 201,793 позиции во јули се ангажирани со скратено работно време.
Голем број на позиции, 38,87% или 78,432 работни места понудени се за работа со скратено работно време.
Друг дел од истражувањето покажа дека вработените на помлада возраст добиваат само дел од платите за разлика од постарите колеги. Младите кадри затоа се атрактивни за работодавците.
Бројките покажуваат дека во јули 22,533 позиции се за луѓето на возраст од 15 до 24 години и само 2,004 позиции биле понудени за млади луѓе на возраст од 25 до 29 години, додека во возрасната група над 30 има повеќе отпуштања.
Ловот на евтина работна сила продолжува со брзо темпо. Од јануари до јули 2016 година, 657 698 (51,2%) од работните места се за плати помалку од 400 евра месечно.
