Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција и се закани на Европа со бегалци

Грција и се закани на Европа со бегалци

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос предупреди за можен масовен одлив на бегалци во Европа поради „економскиот ќорсокак“ меѓу Атина и остатокот од еврозоната.

„Ако тие и нанесат удар на Грција, тогаш треба да се свесни дека имигрантите ќе се одржат со документи за патување и ќе се насочат кон Берлин“, изјавил синоќа Каменос за време на состанокот на неговата партија „Независни Грци“, која е коалициски партнер во владата на Сириза.

Каменос исто така нагласил дека ако меѓу бегалскиот поток, кој тој го очекува има борци на „Исламска држава“, тогаш Европа сама ќе биде одговорна, поради својата позиција за грчкиот долг и реформи во земјата.

Слично

Поврзани вести