Грција и кредиторите се согласија за пензиските реформи
Грција и кредиторите се договориле за пензиските реформи, соопштија светските новински агенции.
Тие се согласиле новите правила да не влијаат на оние кои ќе се пензионираат до крајот на месец јуни оваа година.
Според прифатените правила се забранува раното пензионирање, како што и се зголемуваат возраста и стажот за пензионирање. Тоа законот стапува на сила од крајот на октомври.
Се очекува до 20 август меѓународните кредитори да потпишат нов договор со Грција за трет пакет финансиска помош. Се очекува вкупната сума за него да биде околу 86 милијарди евра.
Вчера беше објавено дека Атина може да побара финансиска инјекција од 24 милијарди евра. Како помош во рамките на првата транша.
Средствата можат да се користат за рекапитализација на банките и за отплата на долговите кон ЕЦБ.
Веќе беше објавено дека рекапитализацијата на грчките банки се планира да заврши до крајот на 2015 година. Гувернерот на грчката национална банка Јаннис Стурнарас веќе разговарал за конкретен план како тоа да стане. Од минатиот ноември од банките беа повлечени близу 48 милијарди евра.
