Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција и кредиторите се договорија – Еве колку пари ќе добие од доверителите!

Грција и кредиторите се договорија – Еве колку пари ќе добие од доверителите!

Атина постигнала договор со меѓународните доверители за деблокирање од околу 12 милијарди евра преку потребни кредити, рекол министерот за финансии на таа земја Еуклид Цакалотос после маратонските преговори.

Цакалотос вели дека е постигнат договор за се, вклучувајќи 48 додатни мерки кои би требало да овозможат во петок да се уплтатат 12 милијарди евра (12,8 милијарди долари), пренесе АФП.

Атина во јули со меѓународните доверители договори нов програм за помош во вредност до 86 милијарди евра, но исплатата на првата транша била блокирана поради неуспехот на двете страни да се договорат околу тесната тема, вклучувајќи заплена на недвижности во случаите кога должникот не го врати долгот чија отплата е гарантирана со хипотека.

„Се договоривме на сите клучни полиња, во врска со се што беше потребно“, рекол Цакалотос пред новинарите во Атина после состанокот, додавајќи дека сега е отворен патот да грчкиот парламент ратификува низа реформи и закони.

Работната група во петокот ќе го одобри договорот, со што ќе биде овозможена исплата на две милијарди евра помош и околу десет милијарди евра за докапитализација на четири грчки системски банки, додал грчкиот министер.

Слично

Поврзани вести