Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција и кредиторите ги прекинаа преговорите

Грција и кредиторите ги прекинаа преговорите

Грција и нејзините кредитори денес ги прекинаа преговорите без постигнување на договор, кој требаше да го отвори пристапот на земјата кон следната транша од заемот од програмата за помош на нашиот јужен сосед, пишува „The Wall Street Journal“.

Страните ќе ги продолжат преговорите другата недела по завршувањето на овогодинешното пролетно заседание на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кое ќе се одржи од 15 до 17 април, изјави министерот за финансии на Грција Евклид Цакалотос.

„Напредокот на прашањата е потребен за завршување на договорот“, истакна тој.

Според Цакалотос инспекторите, кои ги претставуваат кредиторите на Грција, ќе се вратат во Атина на 18-ти април, веднаш по состанокот на ММФ, за да продолжат преговорите пред средбата на министрите за финансии од еврозоната, закажана за 22 април.

„Ние ќе завршиме со подготовката на проектот на договорот пред средбата на Еврогрупата,“- рече Цакалотос.

Сите земји се надеваат дека ќе можат да се договорат за мерките, барани од Грција да ја добие следната транша од заемите од програмата за помош од 86 милијарди евра, до почетокот на средбата на ММФ, сепак, според Цакалотос, многу малку прашања остануваат отворени и за нивно одобрување нема доволно време.

Доверителите се во очекување на Грција да прифати нови мерки за штедење, особено како резултат на ревизијата на пензискиот систем и системот на пресметување на данокот од доход, со вкупна вредност од околу 5,4 милијарди евра, или 3% од грчкиот БДП.

Слично

Поврзани вести