Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција и Катар договараат инвестиции преку заеднички фонд

Грција и Катар договараат инвестиции преку заеднички фонд
Грција веќе подолго време настојува да привлече катарски инвестиции во развој на секторот на недвижности со цел да го поттикне градежниот сектор, кој важи за еден од главните мотори за раст на економијата. За таа цел катарските и грчките власти се подготвуваат да го операционализираат договорот за инвестиции, пред се во развој на недвижностите, кој би требало да го поттикне разнишаното грчко стопанство. Функционери на богатиот емират најавија во јануари за време на посетата на грчкиот премиер Антонис Самарас дека планираат да вложат до милијарда евра во заеднички грчко-катарски фонд за да го поттикнат растот на со рецесија погодената грчка економија. Ахмад Ал-Саид, извршниот директор на Катар Холдинг, во среда  на новоформираниот одбор треба да разговара со грчкиот министер за развој Нотис Митарачи. Во фокус на состанокот ќе биде заедничкиот фонд за финансирање на малите и средни претпријатија, грчката програма за приватизација и можност од соработка на грчки и катарски компании. Катар се пријави на јавниот повик за пренамена на поранешниот атински аеродром, кој спаѓа меѓу најпривлечните проекти на опсежната грчка програма за приватизација.  
Слично

Поврзани вести