Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција и исплати на Германија 360 милиони евра камата

Грција и исплати на Германија 360 милиони евра камата

Грција од 2010 година и исплатила на Германија 360 милиони евра за камата на кредитните одобрени за одржување на презадолжената грчка економија.

Тоа го потврдил германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле одговарајки на прашање кое му било поставено во праламентот од пратеникот на левицата,  пренесува „New Europe“.

Шојбле истакнал дека германскиот буџет од „грчките камати“ во иднина ќе има скромни примања од 20 милиони евра годишно.

Оваа изјава следи истовремено кога се објавени резултатите од истражувањето на Галуп, според кое 69 одсто од Германците го одобруваат начинот на кој ЕУ ја води Европа.

Помалку од половина Европејци го одобруваат европското раководење - 49 одсто наспроти 39 одсто на оние кои не го  одобруваат.

Кипар и Грција се најмалку импресионирани. Ирска е само два проценти позади Германија - 67 одсто чуствуваат олеснување со излезот од мерките за штедење, а дури 58 одсто од ирците сметаат дека сега им е подобро од пред пет години, пред се поради членството во ЕУ.

На второ место е Луксембург со 4 одсто, заедно со Германија и Шпанија со 37 одсто. Сепак клучното откритие на ова истражување е подршката на членството во ЕУ со значајна големина дури и во оние земји каде евроскептичните партии добро поминале на изборите за Европскиот парламент минатата година.

Слично

Поврзани вести