Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција губи повеќе од илјада работни места дневно

Грција губи повеќе од илјада работни места дневно
Стапката на невработеност во Грција во јули скокна за 25,1 отсто од 24,8 отсто претходниот месец, како одраз на континуирани ефекти од сериозната финансиска криза. Elstat објави дека  во јули  1.260.000 Грци останале без работа. А во  12-месечен период Грција губи  повеќе од илјада работни места на ден. Во јули минатата година стапката на невработеност изнесувала 17,8 проценти. Најтешко погодени биле луѓе на возраст од  15 и 24 години, чија стапка на невработеност во јули била 54,2 проценти. Една година пред финансиската криза, без работа биле околу 364 000 Грци. Грција денес преживува благодарение на меѓународниот пакет помош, кој беше одобрен со услови на  остри мерки на штедење.
Слично

Поврзани вести