Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција губи пари и туристи поради штрајковите на пристаништата

Грција губи пари и туристи поради штрајковите на пристаништата

Пристанишните работници ги продолжуваат штрајковите во Пиреја и Солун.

Во поддршка на демонстрантите и активисти од младинската организација на СИРИЗА досега сите состаноци и преговори со Министерството за трговска флота се без резултат.

Синдикатите не отстапуваат во барањето да се запре приватизацијата на двете пристаништа и да се зачуваат работните места.

Трансферот на стоки е силно погоден од протестите. Нерастоварени контејнери и камиони стојат веќе недела на двете пристаништа. Бродовите ги менуваат правеците и не запираат на блокираните пристаништа. Само за денес на пристаниште Пиреа се очекуваа над 15 000 странски туристи, но туристичките фирми го променија правецот. Пратеници од владејачката коалиција го повикуваат премиерот Алексис Ципрас да преземе итни мерки за да го прекине штрајкот така што ќе воведе мобилизација на демонстрантите морнари и пристанишни работници.

„Македонски железници – Транспорт“ денеска ќе информира за последиците што ги трпи железничкиот сообраќај од блокадите на македонско – грчката граница и од штрајкот на работниците во пристаништето во Солун. Вагони од МЖ Транспорт се заглавени на солунското пристаниште, а надлежните од „МЖ Транспорт“ информираат дека контактираат со грчките колеги барајќи начин како да се реши проблемот.

Слично

Поврзани вести