Грција го поместила рокот, планот за реформи во Брисел во вторник
Планот на грчките економски реформи во вторник ќе биде пратен во Брисел, а не вечерва како што е најавено претходно, изјавил портпаролот на грчката влада за Ројтерс.
Како што наведува британската влада, уште нема детали од програмот на грчката влада, но е очигледно дека ќе опфати мерки на борба против затајувањето на данок и корупција, како и реформи во јавниот сектор.
„За планот на реформи на грчката влада доцна утре ќе се расправа на телефонска конференција на министрите за финансии на еврозоната“, изјавил официјален претставник на грчката влада, кој говорел под услов да остане анонимен, бидејќи нема овластување да дава коментари за медиумите, пренесува американската агенција АП.
Слично
