Грција го одобри договорот, Ципрас не жали за “компромисот со доверителите”
Грчкиот парламент ja одобри третата спасувачка програма по цела ноќ на дебати, соопшти АФП.
Пред гласањето грчкиот премиер Алексис Ципрас ги повика пратениците да го поддржат договорот со доверителите и изјави дека неговиот кабинет го спроведува договореното постигнато на самитот на еврозоната на 12 јули.
Ципрас, истакнал дека "не жали што се борел за правата на луѓето и го избрал компромисот со доверителите".
Масовни протести во Атина против договорот за нов план за спас за Грција
Премиерот се фокусира на новиот грчки приватизационен фонд, кој ќе биде базиран не во Луксембург, како што првично сакаа доверителите, а во Атина. Дел од средствата ќе одат за рекапитализација на банките и за економскиот развој, истакна Ципрас.
Според шефот на владата "неколку часа подоцна министерот за финансии на Грција Евклидис Цакалотос ќе води нова битка на седницата на Еврогрупата, бидејќи германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ќе претстави неразумни барања за чекор назад од веќе постигнатите договори". "Ако тоа не се случи, тоа нема да биде пораз за Грција, ќе биде пораз за цела Европа", изјави Ципрас.
Грција и кредиторите се разбраа
"Мостово финансирање ќе ја врати земјата кон бескрајна криза. Ние носиме национална одговорност да се спротивставиме на ваквиот развој", истакна премиерот. Претходно грчкиот министер за финансии Цакалотос изјави пред пратениците дека е должен да оди на седницата на Еврогрупата со ратификуван договор и одобрени реформи, што беше предуслов на доверителите за доделување на помош. Грција се стреми да склучи договор со доверителите за целосен кредит во рамките на договорот, а не привремени мостови финансирања кои не гарантираат долгорочен ресурс за земјата. Според последните изјави од Берлин, станува јасно дека Германија е скептична кон обезбедување на сеопфатна помош од 85 милијарди евра, бидејќи смета дека се потребни уште дискусии. А еврозоната не располага со време, бидејќи до 20 август Грција треба да ги плати своите обврски кон ЕЦБ.
