Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција го одложи отворањето на берзата до следната недела

Грција го одложи отворањето на берзата до следната недела

Грчката влада ја одложи одлуката за повторното отворање на Атинската берза и финансиските пазари до следната недела, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на информации од претставник на Владата, кој побарал анонимност.

Финансиските пазари на Грција не работат од 29 јуни, а затворањето беше поврзано со банкарскиот одмор и ограничувањата наметнати на движењето на капиталот во земјата.

Преговорите за третата спасувачка програма за Грција ќе стартуваат утре, 24 јули, во главниот град Атина, пренесе „Reuters“ повикувајќи се на претставник на грчката влада.

Кабинетот на Ципрас се надева преговорите ќе завршат не подоцна од 20 август.

Слично

Поврзани вести