Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција го достави до ЕК списокот со новите реформи

Грција го достави до ЕК списокот со новите реформи

Европската комисија потврди дека добиле од Грција список со реформи неопходни за продолжување на програмата за макрофинансиска помош за Атина. Соопшти прес службата на Европската Комисија.

„Списокот е добиен ноќеска“, нагласуваат од прес службата. Сега експерти од Европската Комисија и еврогрупата ќе направат првична оценка за тој список неопходен за ефектно продолжување на програмата.

„Конечната реакција, согласност и одобрување на грчките реформи треба да завршат во крајот на април“, изјавиле дипломатски извор за Тасс.

Министрите за финансии од еврозоната во петокот одлучија да биде продолжена за четири месеци втората програма за кредитна поддршка од Европскат Унија, која завршува на 28 февруари. Планирано е Грција да склучи со европските партнери нов договор за финансирање.

 
Слично

Поврзани вести