Грција го доби кредитот од Еврозоната
Очекуваниот кредит од денеска е во рацете на Грција,во рамки на вториот спасувачки пакет од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд.
Одлуката на Атина да бидат одделени замрзнатите финансиски средства од 34 милијарди евра, денеска беше донесена на седница на министрите за финансии од еврозоната.
Еврозоната одлучи да ја деблокира траншата од 34 милијарди евра од помошта за Грција. На тој начин Грција ги добива неопходните финансиски средства за исполнување на сите буџетски задолженија вклучувајќи плаќања на надворешниот долг.
Претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер изјави дека финансиската помош ќе биде префрлена уште идната седмица.
Слично
