Грција ги зголемува даноците за онлајн игрите на среќа
Министерството за финансии на Грција планира да ја заостри контролата над коцкањето на интернет.
Според податоците на грчките финансиери во оваа област делуваат над 20 офшор компании, кои не поседуваат постојани лиценци за вршење на таа дејност.
Грција е единствената земја која нема социо-економски истражувања за последиците од влијанието на коцкањето врз општеството и ние треба да го промениме тоа. Мислата „да правиш пари од ништо“ создава посебна патологија, предводена во општеството, изјавил министерот за финансии Јанис Варуфакис. Според него вкупниот обем на трансакции во гејминг сектор надминува 3 милијарди евра годишно.
Се очекува дополнителното оданочување да го пополни грчкиот буџет со околу 500 000 евра. Во исто време Варуфакис истакнал дека главната задача е максималното оданочување, како и ограничување на занесот по коцкањето на населението во земјата.
