Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција ги затегнува ремените со нов закон за штедење

Грција ги затегнува ремените со нов закон за штедење

Нов закон за штедење изгласаа во Грција. На овој начин земјата ќе си обезбеди нов спасувачки заем, соопшти „Франс прес“, цитирана од агенциите.

Во сила влегуваат нови плати во државниот сектор, а на странските фондови им се овозможува да откупуваат заостанати долгови на претпријатијата.

Одредени се и условите за работа на нов фонд во кој ќе се собираат приходите од приватизацијата на државниот имот. Законот беше поддржан од сите пратеници од владејачката коалиција помеѓу „СИРИЗА“ и „Независни Грци“. Опозициските партии гласаа против. По усвојувањето на текстовите од пратениците, еврогрупата веќе може да ја одобри следната транша од 1 милијарда евра финансиска помош за Атина.

Претходно оваа недела беше јасно дека Грција има продадено 14 регионални аеродроми на германски оператор - првиот голем приватизационен потег на левата влада на Алексис Ципрас.

Слично

Поврзани вести