Грција ги пренесува со возови и автобуси бегалците кон Македонија
Ситуацијата во Гевгелија е непредвидлива. Грција организирано со возови и автобуси транспортира илјади бегалци од Блискиот Исток до самата граница со Република Македонија.
Македонската армија и полиција почна да дели минерална вода на луѓето во зоната меѓу двете граници, но илегалните имигранти ги фрлаат шишиња со вода назад во мрежата.
Во информациите се наведува дека утринава пристигнале дополнителни полициски и армиски сили за контрола на границата. Рано утринава само тројца мигранти биле пропуштени преку границата.
Според некои други медиуми кои се на лице место соопштуваат дека веќе тргнал третиот воз од Гевгелија кон српската граница за последните 24 часа.
Потсетуваме дека пред два дена јужниот и северниот дел на Македонија беше прогласен дека е во вонредна состојба. Само за 2 месеци од соседна Грција во земјата пристигнале над 44 000 луѓе. Сите тие доаѓаат организирано до граничниот премин Гевгелија.
