Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција ги побара повторно репарациите од Германија

Грција ги побара повторно репарациите од Германија

Германија треба да и плати на Грција 278,7 милијарди евра во компензација за штетата за време на нацистичката окупација.

Тоа го побара грчкиот заменик-министер за финансии, Димитрис Мардас за време на седница на специјалната парламентарна комисија за прашањата на државниот долг.

„Извештајот за бараните репарации е веќе предаден на политичкото раководство на Министерството за финансии“, додал Мардас.

Според зборовите на Мардас, 10,3 милијарди евра од сите 278,7 милијарди се во компензација од т.н. „принуден окупациски заем“. Остатокот од сумата е поврзана со надоместување на поединци и уништената инфраструктура. На париската конференција во 1946 година назначената сума била 341,2 милијарди долари по цена од онаа време.

Германија, начело со канцеларката Ангела Меркел, предходно категорично одби да ги отплати бараната сума на пари од страна на Грција, но сепак инсистира случајот да се осврне на Меѓународниот суд. Прашањето за репарациите беше поткренато од новата грчка влада штом таа даде индикации дека нема намера да го сервисира надворешниот долг на земјата под условите договорени со кредиторите.

Слично

Поврзани вести