Грција е уверена дека ќе се постигне договор на 24 мај
Несигурноста дали Грција ќе успее да си ги плати обврските повторно ќе го возбудува светот ова лето, но грчки претставници на кабинетот уверија дека земјата ќе биде во можност да се соочи со своите обврски.
Грција има потреба од помош за да ги исплати обврските во износ од 3,5 милијарди евра (3,96 милијарди долари) во јули, покажуваат податоците на „Financial Times“.
За да го смири несогласувањето на инвеститорите и европски регулатори, грчкиот министер за државна администрација Никос Папас изјави дека е „убеден“ дека земјата ќе успее да постигне договор на средбата со министрите за финансии на еврозоната на 24 мај.
„Ние сме многу близу до постигнување на договор со нашите партнери“ увери Папас.
Минатото лето Грција и нејзините кредитори се договорија за нов пакет финансиска помош во износ од 86 милијарди долари во замена за реформи. Многумина во јужната страна продолжуваат да бојкотираат некои од договорените реформи од кабинетот , како онаа во пензискиот и даночниот систем.
Папас гиза штити мерките на владата, велејќи дека тоа се важни чекори кон стабилноста, кои ќе ја направат државата попривлечна за бизнисот. „Грција постигна многу повеќе отколку што се очекуваше“, изјави тој.
Папас исто така коментира и некои болни реформи, кои во голема мера се во спротивност со предизборната платформа на премиерот Алексис Ципрас. Тој вели дека „секој договор е компромис“.
