Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција доби поддршка во Берлин за исплата на воените репарации од Германија

Грција доби поддршка во Берлин за исплата на воените репарации од Германија

Првично само германската радикална левица ја поддржуваше идејата Берлин да и ги отплати на Атина воените репарации од Втората светска војна. Во моментов дури и некои политичари од Социјалдемократската партија на Германија, коалициониот партнер на Социјалдемократите на Меркел, и Зелените, се предомислиле и најавија поддршка за враќање на надоместокот на Грција, пренесува „Евроактив“.

„Според мене ситуацијата е политички јасна: треба да се направи овој гест кон жртвите и нивните роднини“, изјавил Гезин Сван, шефот на Социјалдемократската партија.

„Не треба да го поврзуваме прашањето за репарациите со актуелната дебата за европската криза. Сепак сметам дека треба да спроведеме дискусија по прашањето за надомест“, додал Ралф Шегнер, исто лидер на социјалдемократите.

Во меѓувреме, претседателот на парламентарната група на Зелените во Бундестагот Антон Хофраитер изјавил дека барањето на Грција „не може да биде едноставно ставено под тепих“ од Владата на Германија. Според неговите зборови, „ова поглавје од историјата не е ниту морално, ниту ја правни ситуацијата завршена еднаш засекогаш“.

Грчката влада претходно побара враќање на заемот во вредност од 476 милиони марки, даден на Германија во 1942 година, кој нацистите не го исплатиле подоцна. Според Грција денешната вредност на сумата е 11 милијарди евра, додека повеќето историчари проценуваат дека заемот изнесува 5 милијарди евра.

Покрај тоа, Врховниот суд во Атина смета дека Германија и должи на Грција 28 милиони евра поради убиствата на цивили.

Германската влада го отфрли барањето на Атина:

„Германија отсекогаш била целосно свесна за историската одговорност поради страдањето што националсоцијализмот го направил во многу земји низ Европа. Ова сепак не менува ништо во однос на позицијата на Берлин и е цврста верба дека темата за репарациите и надоместокот е конечно завршена“, изјавил портпаролот на владата во Берлин Штефан Заиберт.

Повеќе од 50 000 лица загинаа во гасни комори, Грчки Евреи. Поради беспомошниот отпор на Грција за време на германската окупација нацистите убиваат голем број цивили.

За време на првата зима под нацистичка окупација најмалку 100 000 Грци умреле од глад, објаснува историчарот од грчко-германски потекло Хаген Флејшер.

Слично

Поврзани вести