Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција до вечер треба да и објасни на Европа како во иднина ќе штеди!

Грција до вечер треба да и објасни на Европа како во иднина ќе штеди!

Владата во Атина до вечер треба да го поднесе совојот предлог план за штедење до министерството за финансии на еврозоната, кој ако биде прифатен, ќе биде основата да се продолжи четиримесечната помош на Грција.

Алексис Ципрас и неговата коалициска влада за која се надева дека ќе ја убеди Еврогрупата, дава ветување дека ќе се посвети на борбата против корупцијата и даночното затајување.

Сите 18 членки на Еврогрупата треба да добијат согласност од своите парламенти пред 28 февруари, кога истекува сегашниот план за финансиска помош на Грција, за да може истиот да се продолжи до крајот на јуни. Грчкиот премиер сака неговиот парламент до последен глас да гласа за сопствениот предлог на пакетот мерки.

Германскиот весник Билд пишува, денеска Грција доколку Брисел ги одобри нивните мерки, ќе добие седум милијарди евра во борба за против неколку врсти на недозволена трговија.

Повикувајќи се на извори блиски до атинската влада, Билд пишува дека Ципрасовиот план за мерките ги вклучуваат и оние против шверцерите на гориво и цигари, поради што грчкиот премиер очекува да добие 1,5 милијарди евра и 800 милиони за двете стапки.

Ципрас сака да добие 2,5 милјарди евра од  оданочување на богаташите, 2,5 милјарди со отплата на даночните долгови на граѓаните и фирмите, со што севкупно би било 7,3 милјарди евра - колку што Атина очекува помош до крајот на јуни.

За сега не постои гаранција дека Ципрас ќе добие зелено светло од Еврогрупата за дел од мерките кои се отфрлаат од строгите мерки за штедење, а тоа се ветените зголемувања на минималните плати и мали пензии, заштита на куќи и станови од заплена поради долг и престнок на приватизација.
Слично

Поврзани вести