Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција денеска избира меѓу Ципрас и Самарас

Грција денеска избира меѓу Ципрас и Самарас
Изутрина во 7 часот стартуваа предвремените парламетарни избори во Грција. Главен фаворит на изборите е радикалната грчка левица Сириза, чија победа би можела да доведе до политички пресврт во Европа, како и обид Грција да ги смени условите од мерките за штедење кои и ги наложија меѓународните кредитори и ЕУ. На изборите учествуваат 18 партии и 4 коалиции. Според анкетите, Сириза континуирано ја зголемува својата предност пред конзервативната Нова демократија и води со 5,3 отсто. Истражувањата покажуваат дека Сириза треба да освои 36 отстто од гласовите, а Нова демократија до 29 отсто. Шанса за место во парламентот имаат Потами (Реката), ПАСОК, Златна зора, Комунистичка партина и партијата Независни Грци. Лидерот на Сириза, коај е основана 2000 година, Алкесис Ципрас сака отпис на 150 милијарди евра долгот на Грција, како и олабавување на мерките за штедење. Премиерот и претседател на Нова демократија Андонис Самарас тврди дека економијата на Грција се опоравува.
Слично

Поврзани вести