Грција чека уште пари, новата помош тешка 9,2 милијарди евра
Почнаа лобирањата на грчката влада бидејќи до март државата треба да ја добие следната транша помош од меѓународните институции. Како што пишува грчки Етнос, новата транша помош тежи 9,2 , а одлуката за нејзиното доделување најверојатно ќе биде донесена идниот понеделник односно на 21-ви јануари.
Освен овие пари, додава весникот, Владата се надева дека во февруари и март ќе ги добие преостанатите транши од помошта со што до март, Грција вкупно треба да добие уште 14,8 милијарди евра од меѓународната финансиска помош.
Траншата за јануари од 9,2 милијарди евра е наменета за рекапитализација на банките, за што се одредени 7,2 милијарди евра и две милијарди за потребите на буџетот. Условот за доделување на овие средства беше грчкиот Парламент да изгласа закон за даночни измени и Владата да ги зголеми цените на струјата.
Помошта за февруари од 2,8 милијарди евра предвидува прво намалување на трошоците во државната администрација, а за парите во март од 2,8 милијарди евра се бара намалување и преструктуирање на државниот долг.
Слично
