Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција блокирана, службениците не сакаат нови даноци

Грција блокирана, службениците не сакаат нови даноци

Вработените во јавната администрација во Грција стапија во 24 часовен штрајк протестирајќи против реформите во области на социјалната заштита кои се предвидени со третиот пакет.

Поради штрајкот на работниците за контролите на летање е затворен меѓународниот аеродром во Атина, и се откажани летовите.

Државните болници и итна помош работат само со минимален број на луѓе, училиштата се затворени а на штрајкот покрај професорите , му се придружиле и инжинери, адвокати и новинари.

Подоцна денес се планирани и демонстрации во Атина.

Реформата на системот за социјална заштита според која социјалните давачки би можеле да бидат намалени, на како велат критичарите, неодржливо ниво, предизвика големо противење ширум Грција.

Слично

Поврзани вести