Грција блиску до договор со доверителите, готви предвремени избори наесен
Премиерот на Грција Алексис Ципрас рече дека земјата е близу до склучување на договор со доверителите за трет спасувачки план, соопштува Ројтерс.
Според него, тоа ќе стави крај на сомнежите во врска со членството на Атина во еврозоната.
Ние сме на финалниот чекор за склучување на договор со институциите. И покрај тешкотиите, ние се надеваме дека овој договор може да стави крај на неизвесната иднина на Грција во еврозоната, рече тој за време на посетата во Министерството за земјоделство на Грција.
Во исто време портпаролот на грчката Влада навести дека Атина ќе одржи предвремени избори наесен.
Можни се предвремени избори на есен, откри портпаролот.
Слично
