Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција без договор: „Не ја враќаме траншата од долгот кон ММФ“

Грција без договор: „Не ја враќаме траншата од долгот кон ММФ“

Грција нема на 5 јуни да ја отплати траншата од долгот кон ММФ доколку наскоро не биде скициран договорот за реформите со меѓународните кредитори, изјавил денес портпаролот на владеачката грчка партија Сириза Никос Филис.

„Ако не биде рамковен договор во наредните денови, нема да платиме“, рекол Филис за грчката телевизија Мега.

Атина на 5 јуни треба на ММФ да им врати 300 милиони евра, прва од четририте овомесечни транши од долгот вреден 1,6 милијарди евра.

Премиерот на Грција Алексис Цаипрас денес патува во Брисел, каде ќе се состане со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Шефот на еврогрупата Јерун Дајселблум изјави вчера дека во преговорите помеѓу Грција и меѓунареодните кредитори е остварен мал напредок, но тој и понатаму е незадоволен.

Ципрас претходно рече дека неговата влада во понеделник своите меѓународни кредитори сеопфатен план на реформи и ги повика европските лидери да го прифатат тој план, како долго очекуваниот споразум конечно може да биде потпишан.

Слично

Поврзани вести