Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција бара шест недели за подготовка на план за опоравување на економијата

Грција бара шест недели за подготовка на план за опоравување на економијата

Министерот за финансии на Грција Јанис Варуфакис е „охрабрен“ од разговорите со управата на Европската централна банка  (ECB).

Варуфакис за италијанскиот весник „Месаџеро“ рекол дека на Грција и се потребни шест недели да предложи алтернатива за политиката на мерките за штедење.

„Имавме многу корисни разговори“, рекол Варуфакис во седиштето на ЕЦБ во Франкфурт каде го примил претседателот на таа банка Марио Драги.

Грчкиот министер додал дека разговорот бил „одличен“ и дека му претставува „големо охрабрување за во иднина“.

На прашањето на весникот „Месаџеро“ колку време ќе биде потребно за предлог на ново решение на проблемот со грчкиот долг, прифатливо и за грчката радикална левица и за европските институции, Варуфакис одговорил „најмногу шест недели“.

„Тоа е времето кое го бараме од европските партнери за да би можеле да ги завршиме предлозите кои би биле алтернатива на мерките за штедење на „тројката“ доверители на Грција“, рекол Варуфакис.

Мнистерот навел дека Грција треба да постигне „двоен степен на стабилност во буџетскиот ритам“, кој ќе овозможи покренување на преговорите за новиот договор.

ЕУ треба кон крајот на февруари на Грција да и ги исплати последните седум милијарди евра од планот на помош, но услов за тоа да се спроведе се започнати реформи и Грција да се држи до строги буџетски штедења.

Варуфакис неодамна изјави дека Атина „ќе сврти нов лист“ на политиката за штедење, но не сака „дуел“ Грција и Европа, туку „нов однос на доверба и искреност“.

Новиот премиер на Грција Алексис Ципрас денеска во Брисел разговараше со претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и петседателот на Европскиот совет Доналд Туск, а потоа ќе оди за Париз на состанок со претседателот на Франција Франсоа Оланд.

Слично

Поврзани вести