Грција бара одложување на плаќањата за обврзниците
Грција бара од Европската централна банка согласност за одложување на исплатата на 27 милијарди евра кои Атина треба да ги врати како камата на продадените државни обврзници, соопштија странските агенции, повикувајќи се на грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.
Денес министерот изјавил дека исплатата треба да биде одложена во догледно време. „Тоа и е јасно и на ЕЦБ“, истакнал Варуфакис.
Во јули и август Грција мора да и врати на ЕЦБ над 6 милијарди евра како камата за дел од обврзниците, кои во 2010 и 2011 година банката ги купила од земјата.
„Министерството за финансии ќе треба да земе кредит, за да ги врати овие пари“, истакнал Варуфакис.
Слично
