Грција бара истражна комисија за потпишувањето на договорите со кредиторите
Грција сака да состави анкетна комисија која ќе испита кој ќе сноси политичка одговорност за нанесените штети на државата од склучените спасувачки договори со меѓународните кредитори и за вметнување на државата во режим на надворешен надзор.
Двете партии од владејачката коалиција на Грција - „Сириза“ и „Независни Грци“, го претставиле пред парламентот предлогот за создавање на комисијата.
Според грчкиот весник „Етнос“ предлогот бил потпишан од вкупно 149 пратеници од „Сириза“ на чело со нејзиниот лидер и премиер на земјата, Алексис Ципрас, како и од 13 пратеници од „Независни Грци“, предводена од нејзиниот претседател и министер за одбрана - Панос Каменос.
Ако предлогот биде одобрен, парламентарната комисија ќе треба да го разгледа периодот од октомври 2009 година, кога почна финансиската криза во земјата до јануари 2015 година, кога на власт доаѓа „Сириза“.
