Грција бара Германија да и се раздолжи
Германија треба да и ги покрие штетите на Грција, предизвикани за време на Втората светска војна, вклучувајќи ги насилно дадените заеми, пишува во тајниот извештај на грчкото Министерство за финансии. Според грчките медиуми станува збор за 162 милијарди евра.
-Грција никогаш не добивала никакви надоместок ниту за кредитите за кои беше принудена да и го даде на Германија, ниту за штетата за време на војната“, пишува во извештајот.
Заклучокот се базира на архивски материјали од 190.000 страници, вклучувајќи документи, договори, судски одлуки и законски текстови.
Одредена сума во документот не е наведена. Но, претходно експертите дојдоа до заклучок дека Германија и должи на Грција 108 милијарди евра за штетите во инфраструктурата и 54 милијарди евра за заемите кои нацистичките окупаторски сили ги добиле од Атина, уценувајќи ја, во периодот од 1942 до 1944 година.
Според ова вкупната сума изнесува 162 милијарди евра или 80 отсто од грчкиот БДП.
Слично
