Грција бара формула за одржување на долгот
Експерти од Работната група на еврогрупата продолжуваат да работат на бројките во обид да најдат стратегија за намалување на грчкиот долг која ќе биде прифатлива за сите членки на еврозоната и за ММФ.
Министерот за финансии Јанис Стурнарас, изјави дека „само десет милијарди евра стојат на патот до постигнување договор“.
ММФ прифати дека грчкиот долг нема да ја постигне целта да дојде до 120 проценти од БДП во 2020 година и е подготвен да прифати 124 отсто за истата година. Техничките експерти досега нашле начини долгот да се намали на 130 отсто од БДП до 2020 година. Во ова е вклученo и Европската централна банка да се откаже од профитот од грчките обврзници и Грција да прифати шема за откуп на обврзници.
Атина, исто така, ќе заштеди 40 милијарди евра ако нејзините европски партнери се согласат да ги намалат каматите на билатералните заеми за земјата.
