Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција: Ако излеземе од еврозоната, ќе ги пуштиме имигрантите кон Берлин

Грција: Ако излеземе од еврозоната, ќе ги пуштиме имигрантите кон Берлин

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос упати ново предупредување кон Европската унија, дека Грција нема да може да ги контролира границите поради постојаните напори за дестабилизирање на владата во Атина од европски високи претставници.

Во интервју за весникот „Тајмс“ тој зборува за „напорните“ потези на европски високи претставници да предизвикаат пукнатини во владината коалиција. Тој ги одреди овие дејствија како „брутално мешање во внатрешните работи на Грција“.

„Ако Грција излезе од еврозоната и ЕУ, ќе бидат изложени на ризик многу повеќе работи отколку економската стабилност и еврото“, предупредува грчкиот министер за одбрана.

Панос Каменос имал неколку такви изјави во почетокот на март, кога ги предупредил доверителите дека ако држат тврда линија во однос на Грција тогаш „државата ќе и даде документи на имигрантите, за да стигнат до Берлин“.

За британски „Тајмс“ тој изјавил дека Берлин и Брисел прават напори да ја доведат државата до „целосна економска капитулација“. „Ако Грција ја натераат да излезе од еврозоната, бранот имигранти без документи ќе поминат низ Грција, за да се упатат кон срцето на Европа“, предупреди тој.

Денес започнува посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Русија. Грчки владин извор потврдија за „Ројтерс“ дека Грција не сака финансиска помош од Русија. Претставникот изјавил дека Ципрас и Владимир Путин ќе разговараат за прашања на економската соработка, билатералните инвестиции и извозот, додавајќи дека „секоја земја мора да ги брани своите права за подобрување на билатералните односи“.

Слично

Поврзани вести