Грозоморни телефонски шепотења, полициски шефови и медиумски тајкуни!
Третата „бомба“ што ја објави лидерот на опозицијата Зоран Заев, а која се однесуваше на апсењето на Љубе Бошковски, веднаш по парламентарни избори во 2011 година, вчера во попладневните часови собра стотици граѓани на протест пред Владата. За денеска во 16 часот се најавува нов протест.
Пред Владата се пуштаа снимките од телефонските разговорите во кои главна улога имаа Директорот на УБК Сашо Мијалков, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протуѓер, сопственикот на телевизијата Канал 5 Емил Стојменов, како и уредникот на телевизија Сител Драган Павловиќ –Латас. Според СДСМ, телефонските разговори обелоденуваат дека апсењето на Љубе Бошковски е монтиран случај.
„Бидејки еден од најприслушуваните од Груевски и Мијалков е Драган Павловиќ Латас, од неговиот разговор со Мијалков се дознава дека директорот на УБК, Сашо Мијалков, уште на денот на апсењето на Бошкоски, знае на колку години затвор Љубе Бошкоски ќе биде осуден, изјави Зоран Заев на прес конференцијата.
Според Заев, од она што се слуша во разговорот меѓу Мијалков и Латас, јасно е дека Мијалков, уште на денот на изборите му го најавил апсењето на Бошковски, а потоа следниот ден, му соопштува колку години Бошковски ќе остане во затвор.
Но, разговорот не останува само на тоа, туку продолжува со договарање како ќе се третира овој случај во вестите, кои снимки ќе се прикажуваат, и оди до таму дека во затворот на Бошковски ќе му бидат пратени луѓе кои секусуално ќе го малтретираат.
Потоа, Мијалков разговара и со Стојменов, кој пак вели оти очекувал дека апсењето ќе биде два дена подоцна, односно во среда за среќно, наместо во понеделник, на што Мијалков одговара дека му кажал дека веднаш ќе апси. Стојменов, на тоа му упатува пофални зборови, но сепак посочува дека би сакал да го види во затвор Љупчо Георгиевски.
Во меѓувреме, министерката за внатрешни Јанкуловска и шефот на кабинетот на премиерот, Протуѓер, договараат како да ја растурат партијата на Бошковски, при тоа Јанкуловска посочува дека треба да се „сотрат“, како што вели сите кои му биле блиски на Бошковски. И дека не може во институциите да работат и да добиваат плата луѓе кои ги гледала на партиските бини на СДСМ или пак во партијата на Бошковски.
Дополнително двајцата договараат како авотобусите на опозцијата ои од внатрешноста се тргнати на протести во Скопје да бидат запрени од полицијата под изговор за технички преглед, за да не можат да стигнат на протестите.
ВМРО-ДПМНЕ – Заев одработува за странски служби
Зоран Заев свесно продолжи да одработува за странските центри и нивните агентури во државава, на директна штета на интересите на Република Македонија и нејзините грагани, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев со секој негов чекор без дилема потврдува дека креираните материјали кој ги употребува се креирани во соработка со странски центри, а тој е инструмент во спроведувањето на нивното сценарио. СДСМ и Зоран Заев не можат да бидат конкурентни со програма, проекти и идеи корисни за граѓаните, туку единствено се добри кога станува збор за исполнување на туѓи агенди кои се штетни за сопствената држава. Заев веќе подолго време е дел од ова смислено сценарио, тој беше човек кој јавно соопштуваше дека целата држава треба да ја свитка кичмата, кој по смс пораки и писма информираше дека на власт ќе го донесат пријателите од странство, со свое јавно признание пред премиерот кому му потврдил дека креираните материјали се од странски служби. Целта на нивното сценарио е провидна, и со нивното несмасно постапување со овој случај се доведуваат во ситуација да влезат во серија на противречности и од минута во минута се демантираат самите себе си, стои во партиското соопштениe.
Слично
