Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гроскоф: Компаниите да препознаат дали им се закануваат некои економски проблеми

Гроскоф: Компаниите да препознаат дали им се закануваат некои економски проблеми

Франк Гроскоф, германски консултант за надворешна трговија,денеска, во Стопанската комора, пред учесниците на семинарот „ПАН-ЕВРО-МЕД Конвенција“го образложи значењето на преференцијалното потекло за фирмите.

Тој упати порака бизнисот и администрацијата да функционираат по принципот на партнерство, да бидат максимално отворени за меѓусебна соработка, а државите да склучуваат договори за преференцијална трговија за да им овозможат на компаниите освојување нови пазари и зголемување на конкурентнсота.

Според него  неопходно е компаниите да ги познаваат прописите и одредбите во земјите со кои соработуваат, од каде што се нивните клиенти и добавувачи.

- Ова на претпријатијата ќе им овозможи и да се носат со конкуренцијата, со другите фирми во светски рамки. ЕУ има развиено одлични инструменти за поддршка на ваквите компании, формирани се комори, здруженијата на бизниси од различни области, но од огромно значење секако е и добрата соработка меѓу економијата и администрацијата, истакна Гроскоф.

Компаниите треба да препознаат во која држава што ги очекува, дали им се закануваат некои економски проблеми.

Германскиот експерт предупреди дека денес, се повеќе фирми се раководени од неевропски сопственици кои следат сосема други интереси и го користат европскиот пазар за пласирање на своите производи. Ова  е опасност за нас, зашто ЕУ, рече, веќе не е производствен регион, туку регион на знаење и технологија.

- Веќе не станува збор за конкуренција во рамки на ЕУ. Европа е преплавена со економски влијанија од азискиот простор, САД,... Кинеските претпријатија со задоовлство преземаат европски стандарди и го разградуваат, па дури и го надградуваат европскиот ноу-хау, поставувајќи ги своите производи тука со што им наштетуваат на европските фирми, посочи Гроскоф.

- Не смееме да ја изгубиме позицијата на меѓународниот пазар иако сме многу мали во споредба со економиите како Азија, Јужна Америка, Русија,... Но, за тоа се неопходни многу економско-политички активности кои се задача на секоја држава одделно. Со создавање економски региони како ЕУ, ЦЕФТА,..., и со склучување преференцијални, како и договори за слободна трговија, можеме заеднички да настапуваме на пазарите надвор од ЕУ. Така ќе бидеме многу посилни, порача консултантот.

На семинарот компаниите имаа можност да слушнат дека Македонија интензивно преговара со ЕУ, ЕФТА и Турција за замена на досегашните билатерални договори за потекло на стоки со Регионалната конвенција за пан-евро-медитерански преференцијални правила за потекло. Од февруари 2014 година се очекува и практично да ја имплменетираме Конвенцијата со ЕФТА. Одговорите од ЕУ и Турција по ова прашање се очекуваат многу скоро.

Од 1 јануари 2015 година ќе се применуват нови правила за потекло на стоки кон ЕУ, Турција, ЕФТА, ЦЕФТА, земјите од Барселонскиот процес, Јордан, Израел, Египет, Тунис, Мароко, Палестина, и од регионот, Албанија, БиХ, Хрватска, Србија  и Косово, поради што е неопходно компаниите навреме да се подготват.

Слично

Поврзани вести