Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гром удрил во човек на пристаништето во Копер

Гром удрил во човек на пристаништето во Копер

Невреме ја зафати Словенија, а гром удрил во човек на пристаништето во Копер.

Ударот oд гром го потврдиле и од Полициската управа Копер, објавија словенечките медиуми. Реанимацијата поминала успешно, а повредениот е задржан во Општата болница Изола. Сепак, повеќе детали за неговата здравствена состојба засега нема.

Податоците на Агенцијата за животна средина (Арсо) покажуваат дека денеска до 15 часот и 30 минути во Копер наврнале 173 милиметри дожд. Врнежи се прогнозираат и за следните неколку часа и утре, па од регионалниот штаб на цивилна заштита ги предупредуваат граѓаните да не се задржуваат во близина на реки. Невремето кое предизвика многу проблеми, на места беше проследено со силни налети на ветер и град, а во Копер под вода заврши Прешерновиот плоштад.

Невреме имаше  во Шпанија, Италија, Австрија, Швајцарија, Хрватска. 

И во Македонија утре ќе имаме нестабилност. 

фото Дело

Слично

Поврзани вести