Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРОМ УДРИ ВО КУЌА: Се разнесоа камења и оштетија автомобили

ГРОМ УДРИ ВО КУЌА: Се разнесоа камења и оштетија автомобили

Куќата во која удри гром во Хрватска и од кој се разлетаа камења важи за заштитена културна вредност. 

Во согласност со упатствата на конзерваторите е спроведена привремена заштита, со цел да се спречи евентуална опасност по локалните жители и случајните минувачи.

Конзерваторот, Иво Главаш, за медиумите изјавил дека станува збор за објект на Сердар Накиќ Војновиќ, кој се семета за историски значајна личност.

„Кога Османлиите за последен пат го нападнале Дрниш, тој се бранел од оваа куќа која има и оружарница и на некој начин може да се смета за утврден објект“- вели  тој.

Оштетените возила му припаѓаат на семејството Хрга.

„Громот удри толку силно што помислив дека е граната. Децата се разбудија исплашени. Кога погледнав надвор, имаше што да се види, но фала му на Бога, тоа е само материјална штета“- вели  Милена Поткрајшек Хрга. 

Таа кажа дека во нејзината, но и соседните куќи е предизвикана штета и на белата техника која прегорела.

Слично

Поврзани вести