Гром уби грчки планинар на маратонско натпреварување
Гром удри во планинарски натпреварувачи во Грција, убивајќи еден, а тешко повреди друг синоќа во областа Драма.
55 натпреварувачи од целата земја мораа да поминат растојание од 36,7 километри за 12 часа, поминувајќи ги шесте највисоки врвови на Фалакро.
Околу 4 часот, времето нагло се влошило со силен дожд и многу молњи. Некои од натпреварувачите се откажале, но други кои решија дека се блиску до финишот продолжија.
Од гром на лице место загинал 55-годишен маж. Друг, 56-годишен, кој бил во негова близина се здобил со тешки изгореници на градите, рацете и другите делови од телото. До нив имало девојче кое било полесно повредено, но во тежок шок.
Веднаш била започната акција за нивно спасување, која била многу тешка бидејќи луѓето биле во близина на врвот на планината. Учествувале 14 пожарникари со 5 возила. Бил повикан и хеликоптер да ги пренесе во болницата во Кавала.
